Кошаркарите на ТФТ ја пропуштија шансата да направат сензација и да го елиминираат Широки Брег за пласман во елитната АБА-лига, но сега имаат ново искушение и нов обид, преку плејофот и дуелите со Борац Чачак. Вечерва македонскиот тим го очекува гостување во Чачак и според квотите, важи за аутсајдер.

Сепак, кошарката е спорт каде што често се случуваат изненадувања, а тоа ќе се обидат да го сторат и избраниците на тренерот Боро Смилковски.
Покрај стандардните квоти, можете да одиграте и на поени на екипите или пак на вкупен број поени, како и на хендикеп кошеви.

