Англиската Премиерлига има нов лидер, можеби само до 18 часот

Челзи победи со 2-0 на гостувањето кај Њукасл, и во моментов го презеде првото место на табелата во англиската Премиерлига. Сините од Лондон кои попладнево играа во доминантно розеви дресови, до победата на „Сент Џејмс парк“ дојдоа со автогол на Фернандес и погодок на Абрахам.

Малерозниот Федерико Фернандес откако дебитираше во англиското првенство во септември 2014 година, има пет автогола, и во овој период ниту еден друг нема повеќе голови во мрежата на својот голман. Челзи е во серија од седум меча без пораз, а со 22 голови тие се најефикасен во лигата, но имаат и еден до два меча повеќе од конкурентите.

Тами Абрахам дава гол на три меча по ред во сите натпреварувања, а од почетокот на минатата сезона наваму, има дадено 23 гола, 11 повеќе од било кој друг член на Челзи. Во форма влегува и Тимо Вернер кој на последните десет меча има 8 гола и три асистенции, а опасен беше и Хаким Зијеш, па тимот на менаџерот Лампард делува како тим кој нема многу слаби точки.

- Оглас -

Најнови вести