Англиски балет – На тренинг не смее да има дуели, ќе има и масовна дезинфекција

Во понеделник се очекуваат првите тренинзи на отворено во Англија, а исклучително строги ќе бидат протоколите во услови на ковид-19.

Најважната препорака е да нема дуели меѓу играчите за да нема и опасност од зараза, а првично тренинзите би биле стандардно со 4-5 играчи во група и ќе траат најмногу 75 минути.

По секоја трениг-сесија, ќе се дезинфекцира сè што е на теренот, вклучувајќи корнер-знаменца, топки, реквизити за тренинг, головите, дури и тревниците.

Се очекува премиерлигашите да почнат со тренинзи на отворено во понеделник, под веќе наведените услови. Документот што веќе е изработен за однесување на фудбалерите, тренерите и сите што ќе бидат неопходни за тренинзи и потоа и за одигрување на натпревари е веќе напишан на 40 страници.

Рестартот на Премиер лигата е планиран за 12 јуни, а треба да се доиграат девет кола. Ливерпул е на прагот на титулата со 82 бода, 25 повеќе од актуелниот првак Манчестер сити, кој има еден меч повеќе за доигрување.

- Оглас -

Најнови вести