Малку англиски хумор, а и навистина си личат – Еди Хау се клонираше против Манчестер сити (Фото)

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау имаше одлична тактика против шампионот на Англија, Манчестер сити и за првпат успеа да избегне пораз против популарните Граѓани како тренер.

Хау дури беше и на прагот и на сензационална победа, откако Њукасл со головите на Алмирон, Вилсон и на Трипие по еден час водеше со 3:1, но сепак гостите се спасија од пораз и ремизираа 3:3.

Англичаните по мечот во стилот на нивниот познат хумор го величаат Хау и за успехот против Сити и одличната игра на Њукасл, но и за магијата во последните моменти на мечот.

Во 95. минута Хау одлучи да го внесе во игра Емил Крафт, а шведскиот репрезентативец многу личи на менаџерот на Њукасл, па коментарите се дека Еди успеал да се клонира и да влезе во игра за да се задржи ремито и бодот против шампионот.

- Оглас -

Најнови вести