Англиски медиум го навлече гневот на фановите на Марадона: Каде беше ВАР кога најмногу ни требаше? (фото)

Англискиот лист „Дејли стар“ предизвика бурни реакции со насловната страница посветена на Диего Марадона, кој вчера почина во својот дом во Буено Аирес на 60 години.

„Марадона во Божјите раце на 60 години“ и „Каде беше ВАР кога ни беше најпотребен“, се испишаните наслови на една од најпознатите фудбалски фотографии.

„Дејли стар“ алудира на погодокот со рака на Марадона во дресот на Аргентина во полуфиналето од Мундијалот во 1986 година, кога Диего ги одведе Гаучосите до светската титула.

- Оглас -

Најнови вести