Англиски нокаут за Коронавирусот во четвртата рунда

Одлични вести објавија британските медиуми и во четвртото тестирање на фудбалерите во Англија нема ниту еден играч од 1.130 примероци со симптоми на Коронавирус.

Ова е за првпат сите тестови да се негативни што е охрабрување пред најавениот рестарт на фудбалот во Англија, закажан за 17. јуни.

При првото тестирање имаше вкупно 6 случаи на 748 теста што беа позитивни на Ковид-19, потоа во следниот круг имаше двајца со симптоми на опасниот вирус на 996 тестови, а во третата рунда беа четири позитивни на 1.008 извршени тестирања.

Вкупно во сите четири рунди што беа предвидени за тестирање според здравствените протоколи на властите во Велика Британија имаше 12 случаи што имаа симптоми на Коронавирус, од вкупно извршени 3.882 теста.

Во Премиерлигата останаа за доигрување уште 9 кола, а Ливерпул е убедливо прв на табелата со 82 бода, 25 повеќе од Манчестер сити, кој има и меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести