Англиски репрезентативец скокна на трибини да се тепа со навивач на неговиот клуб (Видео)

Ерик Дајер, дефанзивецот на Тотенхем и англиски репрезентативец, тргна да се тепа со навивач на трибините по испаѓањето на Тотенхем од Норвич на пенали од осминафиналето на ФА купот на Англија. Дајер беше снимен како ја прескокнува оградата и змаинува кон седиштата за да го најде лицето кое го навредувало, но до тепачка не дојде бидејќи 26-годишниот играч на Петлите беше запрен од стјуардите.

Дајер се разлутил затоа што фанот ги навредувал него и брат му. Тренерот Жозе Мурињо ја оправда непрофесионалната постапка на својот фудбалер.

„Тој направи нешто кое е недопустливо за еден професионалец, но секој од нас би го направил тоа. Кога некој ве пцуе и ви го напаѓа семејството, во случајов помалиот брат, иако не е професионално, секој би постапил така. Не знам дали ќе биде казнет од клубот, јас нема да се согласам на такво нешто”, изјави Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести