Aнглиски талент ќе тренира во „Ла Масија“

Барселона ангажираше англиски талент од редовите на второлигашот Вест Бромвич Албион. Младиот Луи Бери ќе тренира во познатата фудбалска школа „Ла Масија“, откако вчера ги мина медицинските прегледи и потпиша долгогодишен договор со шпанскиот првак.

Бери минатата недела наполни 16 години, а бил пред потпис со ПСЖ кога Барселона воспоставила контакт со него. Претстанците на каталонскиот гигант во последен момент да ја смени одлуката и да се пресели во Шпанија, иако претходно Бери имал усмен договор со Светците и бил во Париз на прегледи.

Талентираниот напаѓач имал понуди и од неколку англиски екипи да остане на Островот, но без размислување прифатил да замине во „Ла Масија“ каде ќе продолжи со својот развој. Инаку, Бери досега настапи на девет меча за англиската репрезентација до 16 години и постигна седум гола.

- Оглас -

Најнови вести