Англиската Шампионат лига планира да почне пред Премиер лигата

Втората по квалитет фудбалска лига во Англија, популарната Шампионат лига, планира своето враќање во акција да го има пред Премиер лигата, а ако преговорите завршат со успех, тогаш Шампионат лигата повторно ќе се игра на 6 јуни.

Во Шампионат лигата има 24 клуба, а по 37 кола, лидер е Лидс, чиј дрес го носи македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Џани и другарите треба да одиграат уште девет кола, во кои ќе се обидат да го зачуваат врвот или евентуално како втори директно да се пласираат во елитното англиско друштво.

Премиер лигата изгледа ќе продолжи на 12-ти јуни, а конечната одлука мора да биде донесена до 25 мај, кога сите европски лиги мора да се изјаснат пред УЕФА дали и како планираат да ја довршат сезоната.

- Оглас -

Најнови вести