Англиските екипи може да играат и пријателски мечеви, но има три услови

Манчестер сити и Арсенал на 17 јуни ќе бидат двата клуба кои ќе ги вратат возбудувањата во Премиер лигата, и тоа по пауза од три месеци поради корона-вирусот. Од Англија е најавено дека е одобрено клубовите да играат и пријателски мечеви, но мора да бидат исполнети три услови за тоа.

Првиот услов е ниту еден клуб да не смее да патува повеќе од 90 минути до местото на кое треба да го игра мечот. Потоа секој фудбалер ќе мора да патува со сопственото возило и да нема мешање на повеќе лица во едно возило, а интересно е и тоа што нема да има судија. Всушност ќе има судија, но тоа треба да биде некој член од двата клуба, а не надворешно лице.

Идејата да нема мешање не е лошо замислена, посебно ако се знае дека тоа ќе бидат дуели на кои ќе треба да се види моменталната форма и подготвеност на играчите пред продолжување на сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести