Анхел ја нокаутираше Севилја

Севилја претрпе изненадувачки пораз од Хетафе со резултат од 2-0. Гостите рано го отворија мечот, по само три минути Анхел ја замолка публиката на „Рамон Санчез Писхуан“, додека во 38-та минута го постигна својот втор гол на мечот, воедно го постави и конечниот исход од оваа средба. Севилја успеа да ја затресе мрежата на Хетафе, преку Бен Једер, но, по проценката на ВАР, голот беше поништен поради офсајд ситуација.

На стартот од сезоната во Ла Лига, Хетафе се наоѓа во горниот дел од табелата забележувајќи го седмиот бод по четири меча, додека Севилја веќе три меча не знае за триумф.

Во првиот меч кој се одигра денес во шпанското првенство, Алавеш го совлада Валјадолид на гости со гол на Ибаи во последната минута од средбата.

- Оглас -

Најнови вести