Анкета во која Бугарите се преоптимисти: Ќе ја победиме Македонија со 5:0, со 3:0…

Бугарија со 5:1 го победи Гибралтар, триумф кој очигледно ги подгреа надежите кај многу навивачи кај источниот сосед дека може да победат и вечерва во Скопје против Македонија. Бугарскиот Sportal.bg направи анкета меѓу жителите во Бугарија, а поголемиот дел од нив се оптимисти дека не само што нема да загубат од Македонија туку очекуваат и победа.

Најголемите оптимисти типуваат дури и победа од 5:0 или 3:0, оние кои се малку поумерено оптимисти велат дека се задоволни и со триумф од 1:0, а има и такви кои мислат дека дуелот ќе заврши нерешено. Многу ретки беа оние кои типуваат дека Македонија вечерва ќе ја победи Бугарија.

Анкетата може да ја погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести