Анри бара спас кај Манчестер јунајтед

Тјери Анри е на прагот да добие засилување од Манчестер јунајтед, а на пат за Монако треба да тргне Маруан Фелаини.

Двата клуба се пред конечен договор и белгискиот репрезентативец би заминал за Монако како позајмен играч.

Монако бие грчевита битка за опстанок во Првата француска лига, а во клубот веќе пристигна Сеск Фабрегас, како засилување од Премиерлигата, од редовите на Челзи.

Сега, некогашната фудбалска икона на Арсенал, Тјери Анри, кој го предводи Монако од клупата, се сврте и кон вториот голем ривал во Англија, Манчестер јунајтед во обид да го добие Фелаини до крајот на сезоната.

Монако по 20 одиграни натпревари е претпоследен на табелата во Првата француска лига.

- Оглас -

Најнови вести