Анри: Салах е број еден во Премиер лигата, ама друг играч е најдобар во светот

Тјери Анри важеше за еден од најдобрите напаѓачи во првата декада од 21 век. Легендарниот француски центарфор, кој со голем успех ги носеше дресовите на Арсенал и Барселона, го кажа своето мислење за тоа кои во моментов се најдобрите двајца играчи во светот.

„Мохамед Салах е убедливо најдобриот играч во моментов во Премиер лигата. Едноставно е незапирлив и во секое коло игра сè подобро. Но, според мене, најдобар играч во светот во моментов е Карим Бензема.

Веќе одреден период игра на највисоко можно ниво и сметам дека е еден од најпотценетите играчи во светот, а тоа мислам и дека му одговара“ изјави Анри.

Во својата кариера, Французинот најблескавите моменти ги имаше во Арсенал, каде што на 254 натпревари даде 174 погодоци, а беше предводник и на „непобедените“, во сезоната во која Арсенал не забележа ниту еден пораз, а воедно и ја освои титулата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести