Ансу Фати ќе може да игра на Ел Класико

Шпанските медиуми најавуваат дека новопечениот шпански државјанин и играч на Барселона кој во моментов е во најдобра форма, младиот Ансу Фати, нема да игра на Светското првенство за фудбалери до 17 години, а тоа значи дека ќе може да настапи на Ел Класико на 26 октомври против Реал Мадрид.

Преговорите помеѓу Барселона и Шпанската фудбалска федерација се во тек, а иако Фати е ставен на поширокиот список со кандидати за јуниорското СП во Бразил, најверојатно нема да игра со неговите врсници. Ако играше на СП, ќе требаше да отсуствува три недели.

Талентот роден во Африка, сепак, ќе има репрезентативни обврски во дресот на Шпанија, но не со У-17, туку со младинската репрезентација за играчи до 21 година, каде што би играл заедно со Дани Себалјос на дуелите (квалификации за ЕП) со Германија, закажани за 10 октомври и со Црна Гора на 15-ти.

- Оглас -

Најнови вести