Ансу Фати може да стане најскапо засилување на лондонскиот тим!

Ансу Фати беше најавуван како вундеркид во Барселона, но полека станува вишок во екипата. Требаше да биде наследник на Лионел Меси, но сега се поретко е на теренот, а тој е незадоволен од ваквиот развој на настаните и текот на неговата кариера. токму затоа, се почесто се зборува за негово заминување од Барселона.

Според последните најави, Англија може да биде следната дестинација за 20-годишниот напаѓач. Манчестер јунајтед и Њукасл беа првите два клуба кои се спомнуваа дека се интересираат за негово доведување, но сега во прв план се појавува Тотенхем.

Лондонскиот тим бара решение за офанзивниот дел од екипата, каде сезонава не блескаат Ришарлисон и Сон, па Фати се гледа како одлична опција за партнер во нападот на Хари Кејн. Медиумите во Велика Британија пишуваат дека Фати би бил најскапо засилување во историјата на клубот, што значи дека неговиот трансфер би бил поскап од 62 милиони евра, сума која беше платена на францускиот Лион за трансферот на Ндомбеле во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести