Ансу го фати Леванте „на спиење“ и му даде два гола за две минути (Видео)

Барселона без никакви проблеми стигна до победа против Леванте во последниот меч од 22-рото коло во шпанската Примера дивисион. Со овие три бода, Барселона сега повторно е на три негатива во однос на лидерот Реал Мадрид.

Шанса за место во првиот тим доби тинејџерот и голема надеж на Барселона Ансу Фати, кој само го потврди талентот. По две асистенции на Лионел Меси, Фати погоди во 30-тата и во 3-вата минута, голови кои се покажаа како клучни за победата на домаќините. Со 17 години и 94 денови, Фати е најмладиот играч во 21 век кој успеал да даде два гола на еден меч во шпанското првенство.

Двата погодоци на Фати може да ги погледнете ТУКА и ТУКА.

Во тимот на Леванте, во 80-тата минута на теренот влезе Енис Барди. Токму со Барди на теренот гостите успеаја да дадат гол. Во 92-рата минута Рочина го изненади Марк-Андре тер Штеген за почесен погодок на Леванте.

- Оглас -

Најнови вести