Анталија не знае за пораз кога Јаховиќ забива (видео)

Адис Јаховиќ повторно се најде на листата на стрелци откако со реализираниот пенал во 88-мата минута ја спаси Анталијаспор од пораз на гостувањето кај Газијантеп со конечни 1-1. Нашиот искусен интернационалец го постигна четвртиот гол за Анталија сезонава, а во таква ситуација тимот не знае за пораз во турската Суперлига.

Јаховиќ по клучниот гол во мечот од 29-тото коло, стигна до вкупно 15 погодоци сезонава во шампионатот на Турција, израмнувајќи се со Муриќи од Фенербахче на третото место во листата на стрелци. Македонскиот напаѓач во првиот дел од сезоната постигна 11 гола како играч на Јени Малатијаспор, а голгетерскиот ритам го продолжи и за Анталија.

Погодокот на Јаховиќ можете да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести