Голманот на унгарскиот второлигаш ДВТК, Сомбор Шенко, постапи крајно некоректно и нечовечки и стана хит и главен негативец на социјалните мрежи.
На полувремето на дербито МТК Будимпешта – Диошѓер ВТК, едно дете навивач на МТК на својот шести роденден доби шанса во дресот на својот омилен тим да постигне гол. Малиот Енок Варга тргна кон голот, шутна двапати, но Шенко му одбрани и не му дозволи на Енок да се израдува на гол.
Голманот доби свирежи од трибините, а Енок беше разочаран што не му се исполни роденденската желба.
Од ДВТК се бранеа дека не знаеле дека станува збор за роденденска хуманитарна кампања, па го поканија Енок да присуствува на нивниот следен меч.
https://twitter.com/i/status/1636363414141382656