Антиталент: Де Хеа прими 40 пенали по ред!

Давид де Хеа дефинитивно е трагичарот на Манчестер јунајтед во синоќешното финале од Лигата на Европа. Англискиот тим остана без трофејот, откако по 120 минути игра беше 1:1, а во пенал рулетот мораа да се изведат 22 шута за да се дознае победникот. На крајот, Вилјареал стигна до историски пехар.

По првите 10 пенал серии, фудбалерите на двата тима беа непогрешливи. Во 11-тата серија дојде ред голманите да си шутираат. Рули прв биеше и го совлада Де Хеа, а потоа дојде ред да шутира и чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед. Ударот на Де Хеа го одбрани Рули и Вилјареал можеше да почне да слави титула.

Де Хеа не само што беше единствен што промаши, туку тој е голманот кој едноставно не може да одбрани шут од белата точка. Освен синоќешните 11 пенали што ги прими, шпанскиот голман нема одбрането пенал цели пет години. Последен пат Де Хеа му има одбрането на Ромелу Лукаку во 2016 година.

Ако се гледаат последните 40 пенали кои биле шутнати кон голот на де Хеа, сите 40 завршиле во мрежата. Пресметките велат дека вакво нешто да му се случи на еден просечен голман, шансите се 0,04 отсто. Тоа е само доказ дека Де Хеа е можеби и најслабиот голман во светот кога се работи за бранење на удари од 11 метри.

 

- Оглас -

Најнови вести