Антиваксерот Ирвинг ја доби битката, градот Њујорк му даде дозвола да игра дома

Кајри Ирвинг стана симбол на отпорот против вакцината за корона-вирусот, но поради тоа пропушти голем дел од мечевите оваа сезона. Ирвинг одигра само 20 од 73-те натпревари сезонава во дресот на Бруклин нетс, и тоа сите на гостински терен, затоа што градот Њујорк не дозволува професионални спортисти да играат ако не се вакцинирани.

Во досега одиграните 20 мечеви, Ирвинг има просек од 28,5 поени, 4,6 скока и 5,5 асистенции по меч. Бруклин моментно е на осмото место на Истокот со биланс од 38 победи и 35 порази и најверојатно за доигрувањето ќе се бори низ плејофот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести