Антонио Конте одлучи: На крајот од сезоната ќе го напушти Наполи и се откажува од платата

Авантурата на Антонио Конте и Наполи ќе заврши на крајот од оваа сезона, откако тренерот одлучи дека ќе го напушти клубот по последниот првенствен меч. Италијанецот имаше договор за уште една сезона, но тој се откажува и од платата, но и од обесштетувањето, а тоа се околу 18 милиони евра бруто.

Наполи со Конте минатата сезона успеа да дојде до Скудетото, но оваа сезона не можеа да му конкурираат на Интер во битката за титулата.

Аурелио де Лаурентис веќе има фаворит за негов наследник, а најсериозен кандидат е тренерот на Лацио, Маурицио Сари.

- Оглас -

Најнови вести