Енцо Мареска ќе биде наследникот на Пеп Гвардиола во Манчестер сити

Веќе е извесно дека Пеп Гвардиола на крајот од оваа сезона ќе го напушти кормилото на Манчестер сити, а раководството на Граѓаните веќе ја знае неговата замена.

Медиумите на Островот пренесуваат дека италијанскиот тренер Енцо Мареска ќе биде наследникот на Каталонецот, а раководството на Манчестер сити веќе ги има договорено сите детали од договорот со него.

Работата во таборот на Граѓаните не е непозната за Мареска бидејќи тој беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во сезоната 2022/23, пред да започне самостојна кариера и да го преземе Лестер. Италијанецот во јануари годинава се раздели со Челзи, а изминатите месеци ги мина во Лондон заедно со семејството.

- Оглас -

Најнови вести