Беше голем талент, дебитира на 17 години, а на 22 оди во фудбалска пензија

Некогашниот голем австриски талент Зијад Ел Шеиви ја завршува кариерата само на 22 години. Левиот бек на Австрија Виена донесе тешка одлука откако ги скина вкрстените лигаменти петпати! Оваа тешка повреда Ел Шеиви ја имаше четирипати на левото колено и еднаш на десното.

Поради сите тие повреди, Ел Шеиви мораше да оди вкупно на осум операции на колената.

„Понекогаш не одлучува волјата, туку телото“, рече младиот 22-годишен голем талент кој многу рано мора да рече збогум на „зелениот терен“.

За тоа колкав талент беше Ел Шеиви, потврдува и фактот дека тој дебитираше во австрлиското првенство само на 17 години, и тоа во дресот на Австрија Виена. Сепак, оттогаш до денеска левиот бек има само седум официјални настапи за првиот тим.

Кариерата што требаше допрва да се развива, за жал, заврши прерано и тоа не е поради недостаток на талент или желба, туку затоа што неговото тело повеќе не можеше да ги издржи сите притисоци и честите повреди на колената.

- Оглас -

Најнови вести