Апел за помош на велешката ракометна легенда Тони Шопов

Легендата на велешкиот ракомет, Тони Шопов, по многуте одиграни натпревари во неговата кариера, како во нашата земја така и во странство, последниве три години го игра најважниот натпревар за него… Тони боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis).

Првата операција ја имаше во 2017год. на дел од дебелото црево пропратена со Илеус. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија. Во 2019 година во втората операција Ретропиротонеална лимфаденектомија му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По оперативниот зафат повторно беа потребни циклуси на хемотерапија.

По 3 месеци за понатамошно лекување е препратен во Турција на радиотерапија со специјални SBRT зраци кое досега беше успешно, но дојдено е до рецидив на болеста поради што лекувањето мора да продолжи во Турција со 12 циклуси на хемотерапија во комбинација со SBRT зраци. За жал ваква терапија не е достапна во нашата држава.

За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000 евра.

ИТНО е потребно да продолжи лекувањето во Турција кое чини 20.000 евра. Семејството не е во можност да ги покрие трошоците и потребна е помош од хуманите граѓани.

Драги сограѓани, пријатели, познаници и добри луѓе… АПЕЛИРАМЕ ДА ЈА ПОКАЖЕТЕ ВАШАТА ХУМАНОСТ НА ДЕЛО, СЕКОГАШ Е ДОБРО ВРЕМЕ ДА СЕ НАПРАВИ ДОБРО ДЕЛО.

Донирањето може да се направи и преку Фејсбук страницата АПЕЛ ЗА ПОМОШ. Досега е собрана една третина од потребните средства.

- Оглас -

Најнови вести