Аплаузи за Симиќ во „Јане Сандански“, Шпанија рутински одржува водство

Шпанија води со 41-30 по првото полувреме на гостувањето кај Македонија во првото коло од квалификациите за СП во кошарка. Шпанците во цело прво полувреме имаа предност, рутински ја одржуваат предноста, но и македонските репрезентативци се закануваат на моменти.

Во првата петорка беше младиот дебитант Теодор Симиќ, кој додека играше даде и кош, па кога беше повлечен од игра, доби аплаузи од публиката. Неговиот татко Тони не е баш омилен во Аеродром, но Тео заслужи да биде поздравен, особено што игра во дресот на националниот тим и тој е иднината на нашата кошарка.

- Оглас -

Најнови вести