Арапите не му заборавија една изјава на Крос и затоа цело време го исвиркуваа (Видео)

Реал Мадрид се пласира во финалето на Суперкупот на Шпанија откако по голема борба и 120 минути игра, со 5:3 го победи градскиот ривал Атлетико Мадрид. По 90 минути игра, беше 3:3, а потоа Кралскиот клуб во финишот на продолжението постигна два гола за радост на поголем дел од навивачите кои беа на трибините на стадионот во Ријад.

Нормално беше Кралскиот клуб да има поголема поддршка од трибините, но не сите играчи на Реал добија позитивна реакција од навивачите. Тони Крос беше на цел публиката од Саудиска Арабија.

Секогаш кога германскиот репрезентативец ќе имаше контакт со топката, од трибините се слуша негодување и свирежи. Арапските фанови едноставно не сакаат да му простат една изјава на Крос дадена минатото лето.

„Ги разбирам Роналдо и Бензема, кои во залезот на кариерата решаваат да одат да играат во Саудиска Арабија, но другите треба да останат во Европа и да играат во најдобрите клубови во светот. За парите може да размислуваат подоцна“, беше изјавата на Крос, кој сигурно веќе е подготвен и во финалето да добива свирежи на секој негов допир со топката.

https://twitter.com/i/status/1745182696232419661

Во финалето Реал Мадрид ќе игра со подобриот од вечерашниот дуел меѓу Барселона и Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести