Арапите се во фудбалска офанзива, сакаат да ги купат Милан и Лил во пакет

Фирмата „Инвесткорп“, која е со седиште во Лондон, а е основана со капитал од арапските земји и има неколку филијали во светот, сака да ги купи во пакет фудбалските клубови Милан и Лил.

Основач е Немир Кирдар, кој е ирачанец со потекло од Туркменистан, a почина во 2020 година.

Неговите наследници ја презедоа фирмата која нуди финансиски услуги, но и работи со осигурување на пензиски фондови, а сега целта е да се продре и во фудбалот со купување на два значајни клуба во Европа.

Како што објави француски „Л`Екип“, намерата прво била да се купи актуелниот француски првак Лил, но сега апетитите на сопствениците на „Инвесткорп“ е да се купи и италијанскиот гигант Милан во пакет.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести