Арарат и Дамчевски во 93-тата минута го шокираа Дуделанж (Видео)

Ерменија првпат има свој тим на чекор од влез во групната фаза во Лигата на Европа, а по победата од 2-1 на Арарат над Дуделанж, сонот за европска зима останува реалност.

Дресот на Арарат го носи македонскиот дефанзивец Александар Дамчевски. Нашинецот го одигра целиот меч, а во 84-тата минута доби жолт картон.

Сопственикот на клубот е Ерменец со руско потекло, тој се обиде да „го протне“ Арарат во руската лига, но желбата не му се исполни. Откако ги одбија во Русија, мораа да играа во Ерменија, каде што се прваци.

Дуделанж е клубот кој ја елиминираше Шкендија, а потоа го победи и Номе Калју, кој претходно исто така беше кобен за тетовци.

Ова е голот со кој Арарат во 93-тата минута дојде до победата:

https://streamable.com/lbd4g

- Оглас -

Најнови вести