Араухо: Не ја напуштам Барселона

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, ги демантираше шпекулациите дека сака да го напушти шпанскиот тим и кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен.

Последните неколку недели медиумите шпекулираат дека Араухо ќе се пресели во Баерн Минхен и дека германскиот тим веќе доставил официјална понуда.

„Во секој преоден рок се појавуваат шпекулациите за мене. Минатото лето пишуваа дека ќе се преселам во Манчестер јунајтед. Мојот фокус е на Барселона, давам 100 отсто од себе секој пат кога ќе го облечам дресот на овој тим. Одговорност и привилегија е да се носи капитенската лента на овој клуб, изјави Араухо кој е трет капитен на каталонскиот тим по Серхи Роберто и Марк-Андре тер Штеген.

- Оглас -

Најнови вести