Арбелоа: Кога сѐ ќе заврши, ќе си заминам со чиста совест

Реал Мадрид втора сезона по ред ја завршува без освоен трофеј. Освен што не освоија пехар, сезонава завршува со многу контроверзии кај Кралскиот клуб. Имаше тепачка на тренинг, најава дека се создадоа кланови, Килијан Мбапе кој беше најдобар стрелец со 41 гол сега е исвиркуван од навивачите на „Сантијаго Бернабеу“.

Алваро Арбелоа беше тренерот кој беше избран да ја заврши сезоната, откакко беше избркан Чаби Алонсо. Јасно е дека по завршување на сезоната, Алонсо ќе го напушти тренерското столче, а се најавува дека Жозе Мурињо како најсериозна опција да биде предводник на Кралевите од следната сезона.

Реал утре ќе гостува кај Севилја, а Арбелоа најави дека по завршување на сезоната, со гордо крената глава ќе си замине.

„Пред четири месеци бев тренер во трета лига на Реал Мадрид Б, а потоа добив шанса да го водам првиот тим на Реал. Бев тренер на мечеви од Примера дивисион, во Лига на шампиони…Нема многу тренери кои ја добиваат таа шанса. За мече овие четири месеци беа исклучива чест да бидам во Реал. Денот кога ќе си заминам, тоа ќе биде со чиста совест“, рече Арбелоа, кој потенцираше дека има 43 години, а веќе може да се пофали дека 20 години ги поминал во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести