Некогашниот тренер на Баер Леверкузен и Реал Мадрид повторно се враќа во фудбалот. Според најавите, шпанскиот стратег ги договорил и последните детали околу новиот договор и од 1 јули официјално ќе биде нов тренер на Челзи.
Англискиот премиерлигаш има очаен финиш во сезоната која ќе ја заврши без ниту еден освоен трофеј. Ова ќе биде прв пат Алонсо да работи како тренер во Англија, но многу добро ја познава Премиер лигата, кога „гинеше“ во дресот на Ливерпул. Сега, тренерскиот предизвик ќе го има во тимот на Челзи.
Алонсо пред две години беше шампион на Германија со Баер Леверкузен, а потоа беше доведен на „Сантијаго Бернабеу“ да биде на чело на Реал Мадрид. Сепак, само неколку месеци откако дојде во Реал, Алонсо ја загуби контролата над соблекувалната, влезе во конфликт со некои играчи доби отказ.
Шпанецот како фудбалер настапуваше за екипите на Реал Сосиедад, Еибар, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

