Баерн Минхен со подвиг кој не му успеало на ниту еден тим во топ 5 лигите во 21 век

Баерн Минхен на спектакуларен начин на заврши сезоната во која доминираше во Бундеслигата. Најтрофејниот германски клуб уште пред неколку кола го одбрани тронот, но и покрај тоа, продолжи да игра во силно темпо до полсното коло.

Во денешниот последен меч за оваа сезона, Баерн со убедливи 5:1 го победи Келн и стави точка на една историска година. Баерн Минхен сезонава во 34 натпревари постигна вкупно 122 погодоци во Бундеслигата. Овие 122 гола се нов рекорд во Бундеслигата, надминувајќи го досегашниот рекорд за дури 21 гол.

Во 21 век, во Топ 5 лигите во Европа немало клуб кој постигнал повеќе погодоци. Ако се погледне целосната историја на најсилните пет лиги во Европа, само Торино во далечната 1947/48 постигнал повеќе погодоци во една сезона од Баерн Минхен што погоди оваа сезона. Торино пред речиси 80 години во Серија А даде вкупно 125 голови. Баерн сега застана на 122 голови, а трет на оваа листа е Реал Мадрид со 121 голови од сезоната 2011/12.

Баерн Минхен во просек сезонава постигнуваше 3,58 голови, а главен голгетер беше Хари Кејн со неверојатни 36 погодоци во 31 дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести