Арбитерот тренираше строгост, младиот фудбалер остана „со празни раце“ (Видео)

На Европското првенство за играчи до 19 години се одиграа две кола, а Франција, Италија и Англија си обезбедија место во полуфиналето. Последниот патник во битка за медалите ќе се бара меѓу Израел и Србија, со тоа што младинците на Израел веќе имаат четири бода и се многу блиску до полуфиналето.

Србија вчера убедливо со 4:0 загуби од Англија, а освен погодоците, овој дуел го одбележа и една интересна ситуација.

Данскиот судија Мортен Крох доби негативни критики откако не сакаше да го прифати извинувањето од младиот српски фудбалер Марко Лазетиќ.

Напаѓачот на Милан можеше да добие жолт картон, но судијата реши да му „оддржи лекција“, а по примените совети од арбитерот, Лазетиќ ги подаде двете раце кон судијата со цел да му се извини и да го прифати советот што го доби.

Сепак, данскиот судија глумеше строгост и воопшто не прифати да има контакт со фудбалерот. Фактот дека се работи за играчи кои уште се тинејџери, судиите сигурно дека треба да бидат и добри педагози, па кога некој играч ќе ги прифати нивните сугестии и посака да се извини, арбитерот треба да делува многу поразлично од тоа што го направи овој делител на правдата.


- Оглас -

Најнови вести