Арџент Беќири ќе го замени Умит Каран на клупата на Шкупи

Арџент Беќири е најсериозен кандидат за нов тренер на Шкупи и речиси сигурно ќе биде замената за Умит Каран. Беќири и раководството на Шкупи се во завршни преговори, па извесно е дека ќе има кам-бек на Чаир на некогашниот играч на Шкупи.

Беќири беше помошник на селекторот Игор Ангеловски во репрезентацијата, а во два наврати го носеше дресот на Шкупи, но тогаш познат како Слога Југомагнат.

Покрај работата во репрезентацијата некогашниот македонски репрезентативец има скромно клупско искуство и беше тренер на Гостивар и на косовскиот прволигаш Феризај.

Шкупи преговараше и со селекторот на младата репрезентација на Македонија, Боби Милевски, но до договор не дојде, па сега како замена за Умит Каран прв пик е Беќири.

- Оглас -

Најнови вести