Аргентина без пораз и се приклучи на Полска во четвртфиналето во Кина

Аргентина ја забележа и четвртата победа на Мундијалот во Кина, откако попладнево ја надигра Венецуела со 87:67, доволно за пласман во четврт-финалето.

Популарните гаучоси ги добија сите четири периоди, а најубедливи беа во втората четвртина, 21:13 за нив. Предност имаа постојано, а ги предводеше одличниот Габриел Дек со 25 поени. Ветеранот Луис Скола беше втор стрелец кај победничката екипа со 15 поени, а имаше и шест скока.

Кај Венецуела, која ги загуби шансите за пласман во следната фаза, прв стрелец беше Мајкл Карера со 19 поени.

Претходно, во меч од истата група, Полска ја победи Русија со 79:74 и се пласира во четврт-финалето, а ги елиминира популарните „баќушки“ од битката за медали.

- Оглас -

Најнови вести