Репрезентацијата на Аргентина извојува победа од 2-1 над Мавританија, а двата гола Гаучосите ги постигнаа во првото полувреме кога Лионел Меси беше на клупата за резерви.
Прв погоди Енцо Фернандес, а потоа и младиот Нико Паз кој својот прв гол во дресот на националниот тим го постигна од слободен удар. Паз со шутот со својата лева нога покажа дека Аргентина не треба да се грижи за иднината по пензионирањето на Меси. Голот на фудбалерот на Комо погледнете го ТУКА.
Меси го одигра целото второ полувреме, а африканскиот тим во финишот даде гол и се избори за минимален пораз.
„Не игравме баш добро. Не бевме на ниво. Мораме да го признаеме тоа и да работиме на подобрување“, рече селекторот Лионел Скалони по натпреварот.

