Македонија да даде еден гол против Турција за да избегне повторување на една лоша низа од пред 12 години

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Истанбул ќе одигра уште еден контролен меч, овојпат против Турција. Селекцијата на Турција се подготвува за престојното Светско првенство на кое ќе учествува, а Македонија треба да ја „глуми“ Австралија, која ќе биде нејзин прв ривал во групната фаза на 14 јуни.

Македонија уште сонува да биде дел од еден планетарен собир, но има мотив зошто да игра вечерва во Истанбул. Една од целите кои треба да ги исполниме е да постигнеме макар еден погодок за да се стави крај на долгиот пост. На последните три средби Македонија нема дадено гол, но двапати ја сочува својата мрежа (пораз 4:0 од Данска, 0:0 против Ирска и 0:0 против Босна и Херцеговина).

Ако денеска се случи Македонија повторно да не постигне погодок, тогаш ќе направи неславно потсетување на нешто што не му се случило на нашиот национален тим во последните 12 години, а тоа е четири средби по ред да играме без да дадеме гол. Последен пат Македонија „врза“ четири дуели без погодок во 2014 година, кога игравме против Камерун (пораз од 0:2), против Катар (0:0) и два меча против Кина (пораз од 2:0 и реми 0:0).

Последниот гол Македонија го постигна на гости кај Велс, во дебаклот од 7:1. Тогаш погоди Бојан Миовски во 23-тата минута. Од тој меч досега македонските фудбалери на теренот поминаа повеќе од 350 минути во кои не успеаја да постигнат ниту еден погодок, па останува предизвикот вечерва во Истанбул да донесат радост за нашите навивачи.

Македонија да постигне барем еден гол против Турција носи одличен коефициент од 1.96.

- Оглас -

Најнови вести