Аргентина ќе биде посилна со Меси и Агуеро против Бразил

Фудбалската селекција на Арентина во средината од ноември ќе одигра две пријателски средби против Бразил и Парагвај. Добрата вест за Гаучосите е што Лионел Меси и Серхио кун Агуеро се враќаат во составот за претстојната репрезентативна пауза, најавено е дека селекторот Скалони ќе смета на двајцата клучни играчи во супер-пресметката против актуелниот јужноамерикански шампион.

Мегаѕвездата на Барселона поради тримесечна суспензија од КОНМЕБОЛ отсуствуваше два репрезентативни циклуси, но до 15 ноември казната ќе му заврши, па така ќе ги предводи Гаучосите во репризата од полуфиналето на последното Копа Америка првенство. Агуеро исто така беше вон меѓународни обвски по континенталниот шампионат, но и тој ќе биде на располагање кај Скалони.

Три дена по пријателската со Кариоките која ќе се игра во Саудиска Арабија, Аргентина ќе ги одмери силите и со составот на Парагвај.

- Оглас -

Најнови вести