Актуелниот светски шампион, Аргентина, конечно најде противник за пријателски меч кој ќе се одигра на 28-ми март (по македонско време) во Буенос Аирес. Откако стана јасно дека Финалисима против Шпанија нема да се одигра поради војната на Блискиот Исток, раководството на Фудбалскиот сојуз на светскиот шампион се обиде да закаже контролка со неколку селекции, но безуспешно.
Сега е јасно дека Аргентинците ќе имаат меч на домашен терен против селекцијата на Мавританија, која е 115-та на светската ранг-листа. Аргентина сега е во потрага по уште еден противник за мартовскиот прозорец на ФИФА.
Шпанија, која истотака остана без натпревар по откажувањето на Финалисима, брзо успеа да најде замена, па веќе има закажано пријателски натпревари против Србија и Египет.

