Аргентина лесно ќе ја прескокне Нигерија на патот до следната фаза (Фото)

6767 Аргентина (20) – Нигерија (20) (23:00)

Домаќинот на Светското првенство за фудбалери до 20 години, селекцијата на Аргентина е пред нов предизвик на патот кон титулата. Нивен противник во осминафиналето е репрезентацијата на Нигерија, која единствениот пораз во групната фаза го доживеа од Бразил и не ѝ оди против противници од Јужна Америка. Аргентина одигра импресивно во групата и со три победи и гол-разлика 10-1 помина во следната фаза.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.40)

 

5611 Ал-Итихад – Ал-Тае (20:00)

Екипата на Ал-Итихад ја обезбеди шампионската титула во Саудиска Арабија, а денес само ќе ја потврди и ќе го очекува доделувањето на шампионскиот пехар. Играат со противник од кого имаат само три порази во историјата, а го победиле 13 пати. Само еднаш дуелите на овие две екипи завршувале нерешено.

Предлог тип: 1 Двојна (2.20)

 

5614 Ал-Наср – Ал-Фатех (20:00)

Екипата на Кристијано Роналдо, Ал-Наср, се прости од титулата во првенството на Саудиска Арабија, но ќе сака со победа да се прости од своите навивачи. Ал-Наср и Ал-Фатех на 15 од последните 20 средби одиграле гол-гол, а со оглед на неважноста на дуелот, така се очекува да биде и вечерва.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.35)

 

2623 Ландскрона – Трелеборг (19:00)

Дуел на две екипи од втората шведска лига кои секогаш меѓу себе играат ефикасен фудбал. Дури 8 од последните 10 дуели на овие две екипи завршуваат гол-гол, а оваа сезона екипата на Трелеборг е тим на чии натпревари се постигнати најмногу погодоци во ова првенство. На 9 натпревари биле постигнати дури 32 гола, или во просек над три по натпревар.

Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (2.08)

 

4800 Витковице – Уницов (17:30)

Чешкиот третолигашки фудбал изобилува со голови, а така ќе биде и на дуелот помеѓу Витковице и Уницов. Домашните од поодамна се испаднати од лигата, а гостите сè уште имаат теоретски шанси да стигнат до пласман во повисок ранг на три кола до крајот на првенството. Уницов е во неверојатна серија од 13 победи, дури на 9 од овие 13 натпревари примила погодок.

Предлог тип: 2 & ГГ (2.15)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести