ГРК Охрид го победи Вардар 1961 со 26-24 и на новиот првак му го нанесе вториот пораз сезонава.
Охриѓани сега се многу блиску до освојување на второто место, но во следното коло дома против Еурофарм Пелистер кој има два бода помалку, во директен дуел ќе решаваат кој ќе биде вицешампион.
Пред почетокот на мечот, Гладијаторите направија џентлменски потег, му приредија шпалир на новиот македонски првак, а потоа го победија тимот на кој ова му беше трети меч за помалку од една недела. Вардар на почетокот на второто полувреме имаше четири гола предност, но Охрид со серија од 9-1 направи голем пресврт и потоа веќе не го испушти водството.
Иванковиќ и Јасухира со по 6 гола беа најефикасни во победничкиот тим, а Пилиповиќ имаше 11 одбрани.

