Аргентина може да здивне: Меси не е повреден, има само „мускулен замор“

Лионел Меси беше заменет за време на натпреварот на Интер Мајами против Филаделфија во МЛС поради „мускулен замор“ во бутниот мускул на левата нога, соопшти американскиот клуб.

Постоеше страв дека аргентинската суперѕвезда заработи повреда за време на спектакуларната победа од 6:4, но Аргентина може да здивне по официјалното соопштение на Интер Мајами.

„По дополнителните медицински прегледи во понеделникот, првичната дијагноза укажува на преоптоварување поврзано со мускулен замор во тетивата на левата нога. Времето за негово враќање на теренот ќе зависи од клиничкиот и функционалниот напредок“, стои во соопштението.

Лионел Меси сè уште официјално не објавил дали ќе настапи за актуелниот светски шампион Аргентина на Мундијалот, кој започнува на 11 јуни, иако селекторот Лионел Скалони веќе го повика во составот.

Сепак, се очекува Меси да биде подготвен за Гаучосите и по шестти пат во кариерата да настапи на Светските првенства.

Првиот натпревар на Аргентина на турнирот ќе биде против Алжир на 16 јуни, а во групата Ј се уште и Австрија и дебитантот Јордан.

- Оглас -

Најнови вести