Аргентина остана без тандемот Мартинес – Лаутаро е позитивен на ковид-19, а Лисандро е повреден

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, ќе мора да го менува концептот за двата квалификациски дуели против Венецуела и Еквадор откако остана без двајца играчи со исто презиме, Мартинес.

Попознатиот Лаутаро Мартинес, кој е играч на Интер, е позитивен на ковид-19 и нема да игра на двата меча, а Лисандро Мартинес од Ајакс е повреден, па и тој нема да патува за Јужна Америка.

https://twitter.com/Argentina/status/1505904877049769984?s=20&t=0hvQOrzxkF0QY-w6vlnXuw

За среќа на Скалони и на Аргентинците, веќе е обезбеден настап на Мундијалот во Катар, па отсуството на двајцата играчи со исто презиме Мартинес нема да влијае на учеството на СП.

Лаутаро е најдобар стрелец на Аргентина во квалификациите, постигна 7 гола и е втор на листата со најдобри голгетери во јужноамериканскиот циклус, само зад Марсело Морено од Боливија, кој е лидер со 10 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести