Аргентина по 40 години загуби во првиот меч на Копа Америка

Аргентина е втор фаворит за освојување на Копа Америка, веднаш зад домаќинот Бразил, но по резултатот на првиот меч тоа не делува така. Гаучосите предводени од капитенот Лионел Меси беа изненадени во дуелот со Колумбија и загубија со 0:2, во меч од првото коло.

Статистички, Аргентина беше подобар тим. Меси и соиграчите повеќе напаѓаа, создаваа шанси, ја контролираа топката, но не дадоа гол. За разлика од нив, Колумбија во последните 20 минути од средбата, со два погодици донесе радост на нивните фанови. Головите на Колумбија, може да ги погледнете ТУКА.

Ова е прва победа на Колумбија во дуелите со Аргентина по пауза од 12 години. Тоа што е уште полошо за Гаучосите е што ова е за прв пат по 40 години, да стартуваат со пораз на Копа Америка. Тоа им се немаше случено уште од далечната 1979 година.

Меси повторно беше немоќен и само ја продолжи агонијата кога игра во националниот дрес. На 10 од последните 14 меча на кои играл, нема дадено гол. 

- Оглас -

Најнови вести