Колумбија ги остави Меси и Аргентина да се чудат што ги снајде (Видео)

Аргентина нема сменето речиси ништо од последното големо натпреварување. Ако на Светското првенство во Русија, некогашниот двократен светски првак беше големо разочарување, тогаш сега само продолжува агонијата, ако се знае дека Аргентина на стартот од Копа Америка загуби со 0:2 од Колумбија.

Лионел Меси и соиграчите делуваа немоќно против цврстиот противник. Аргентина упати 13 удари од кои 6 беа во рамки на голот, но не се израдува ниеднаш. За разлика од Гаучосите, Колумбија со само два прецизни удари кон голот на противникот, даде два гола и стигна до голема победа.

Роџер Мартинез кој принудно влезе во 14 минута на местото на повредениот Муриел, даде прекрасен гол во 71 минута за водство на Колумбија од 1:0.

https://twitter.com/Jasoninho10/status/1140040429506875393

Аргентина се обиде да израмни, но наместо тоа, Колумбија по еден брз напад во 86 минута, со голот на Запата, само ја потврди радоста и победата од 2:0.

https://twitter.com/SportCentre8/status/1140045321923256320

За Меси ова беше 10 меч од последните 14 во дресот на Аргентина на кој не може да даде гол. Во дуелите против Колумбија остана на два погодоци во девет дуели.

- Оглас -

Најнови вести