Аргентина постави интересен рекорд на Мундијалите

Репрезентацијата на Аргентина дури по подобро изведување на пенали со 4:3 ја победи Холандија, откако по 120 минути игра, немаше победник и резултатот беше 2:2. Голманот на Гаучосите, Емилијано Мартинез ги одбрани првите два удари на Холандија и донесе голема предност за својата репрезентација.

На крајот, во петата серија Лаутаро Мартинез погоди за 4:3 и голема радост за јужноамериканската селекција. За Аргентина ова беше шести пат низ историјата на Мундијалите да мора да игра „пенал-рулет“ и петти пат на крајот излегува како победник. Ниту една селекција низ историјата на СП, не успеала пет пати да оди понатаму по изведување на пенали.

За разлика од Аргентина, Холандија има очаен биланс кога се работи за пенал-рулетот. Лалињата по четврти пат беа во пенал-рулет ситуација, а трет пат испаѓаат.

- Оглас -

Најнови вести