Аргентина реди минимални победи, Уругвај со спорен гол избегна пораз против Чиле (Видео)

Аргентина го победи Парагвај со 1-0 и со седум бода од три кола го презеде водството во својата група на Копа Америка. Алехандро Папу Гомес беше стрелец на голот за Аргентинците кои две години (16 меча по ред) не знаат за пораз. Аргентина не блеска, но победува, резултатите им се подобри од играта.

Лионел Меси го имаше 147-миот настап за националниот тим, со што го изедначи рекордот на Хавиер Маскерано. На следната средба Меси ќе стане играч кој играл најмногу пати за Гаучосите. Аргентина има добра шанса да го освои првото место во групата и да избегне дуел со силниот Бразил до евентуално финале на Копа Америка.

Уругвај и Чиле одиграа 1-1 во меч кој мина во знакот на голот на Уругвајците. Голот е запишан како автогол на Артуро Видал, кој по еден корнер имаше дуел со Луис Суарес и ја испрати топката во својата мрежа. Иако прво се чинеше дека голот е на Суарес, подоцна се виде дека голгетерот на Атлетико Мадрид не ја шутна топката, туку ногата на Видал, но судиите не го поништија голот, па Уругвај избегна срамна низа од пет меча без даден гол.

- Оглас -

Најнови вести