Аргентина – Уругвај не е обичен меч, досега над 200 пати играле едни против други

Пресметките на аргентинската и уругвајската фудбалска репрезентација се вистинска класика, и тоа буквално бидејќи овие селекции вечерва ќе се сретнат меѓу себе дури по 196-ти пат на официјални мечеви.

Билансот засега е 91 победа на Аргентина, 58 победи на Уругвај и 46 нерешени. Првиот меѓусебен дуел го имале уште во 1902 година, ривалството трае над 120 години и јасно е дека вечерва во Буенос Аирес нема да им биде сеедно дали ќе победат или ќе загубат.

Аргентина е светски првак, а кај Уругвај се враќа Луис Суарес, па нападот во кој е и Дарвин Нуњес ќе биде поубиствен. Лионел Меси има дадено 6 гола против Уругвај и е прв стрелец од активните играчи.

- Оглас -

Најнови вести