Аргентинец заглави во Лариса: Аполон и менаџерот го измамија, стана бездомник и спие на клупи на плоштадот

Максимилијано Форнари допатува во Грција со ветување и понуда дека ќе биде нов член на Аполон Лариса, но моментно е бездомник и спие на плоштадот во грчкиот град, каде се надеваше дека ќе им биде фудбалски миленик на жителите на Лариса.

Приказната е тажна, а Форнари е измамен и од менаџерот и од клубот, кои му порачале да дојде во Лариса, бидејќи од клубот Аполон се заинтересирани тој да биде нивното летно засилување.

Откако 26-годишниот фудбалер допатувал во Грција почнала и голготата. Менаџерот го нема, а раководството на Аполон нема намера да го ангажира Форнари, па тој сега е бездомник и спие на плоштадот во Лариса.

„Не знам зошто се случи ова. Менаџерот што во името на клубот Аполон ме покани да дојдам во Лариса сега ме остави без клуб и без договор. Во Аполон не се расположени за разговор, а јас веројатно и наивно го напуштив клубот Атлетико Гуемес за кој играв пред да дојдам во Грција. Не знам што ќе правам и моментно сум бездомник. Немам пари ниту за кафе и спијам на клупи на плоштадот во Лариса“, изјави Форнари.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести